Од УХМР известуваат дека утре под влијание на влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни (наместа над 20 л/м²), поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (и над 60 км/час). Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.
Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.