Според УХМР, во текот на денешниот ден (четврток, 16 ноември) времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер и со максимални температури до 18 степени.
И за во петок се најавуваат максимални 17 степени, но попладне, под влијание на нов влажен и студен бран, ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. Снег во сабота се очекува и на нешто пониска надморска висина односно над 700 метри.