Во рамките на кампањата ,,Еко Фронт – Чиста да ни е”утрово беше организирана акција за чистење и косење на просторот околу манастирската црква ,,Св. Илија” како и долж трим патеката. Ловен дом – Св. Илија. Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности ,,Комуналец” ќе спроведуваат слични акции на целата територија на Општината за косење на нараснатите тревни површини кои се резултат на обилните врнежи од дожд во изминатиот период.