Компаниите кои се наоѓаат на излезот од Струмица кон Дабиље – Мало стопанство, „Ел Пи Елгранд“, „Дијагонала“, „Терзи компани“ и други, во четврток, 14 септември, од 09:00 до 12:30 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица.
Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.