Се погласни стануваат сомневањата дека во автобусот на „Беса Транс“ можно е да се превезувал запалив материјал од кој избувнал пожарот во предниот дел од возилото. Експерти за сообраќај, меѓу кои и секретарот за безбедност во градот Перник, Васко Пиргов вели дека автобусот се возел на дизел, гориво кое многу потешко може да експлодира, за да се предизвика таква силна експлозија. Истрагата треба да утрди дали експлозијата била предизвикана од туби со нафта кои биле распределени напред во автобусот, или пак од други лесно запаливи материјали .Но сите овие наводи треба да ги утврдат истражнтие органи. Бугарското Обвинителство за утре на прес – конференција ќе ги обелодени првичните инфомации за страшната сообраќајна несреќа.
Се испитуваат две верзии како причина за трагедијата којашто се случи на автопатот Струма – техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот. Околу половина час пред страотната несреќа патниците и возачите на автобусот застанел на бензиска пумпа каде имале 15-минутна пауза, и поради ова се отфрлаат теориите дека возачот на авотбусот заспал. Со самото пристинување на кобната клучка се претпоставува дека возачот го згрешил патот, излегол од лентата и удрил во десната страна на банкината. Тогаш пукнала предната гума, и автобусот излетува кон левата страна. Удира во средишната банкина и ја крши – се движи уште неколку метри по средишниот дел од автопатот, потоа застанува, и во прендиот дел на автобусот избувнува пламен. Огнот брзо се шири и за кратко ќе го проголта целиот патнички автобус. Се испитува и зошто не се отвориле вартите на автобусот – според едни тврдења, возачот починал прв и немало кој да ги отвори, според други – вратите с еблокирале по вториот удар во банкината.
Бугарските истражни органи треба да утврдат:прво зошто возачот изгубил контрола и излетал од патот, а потоа и за тоа како настанала експлозијата во предниот дел на автобусот. Истрагата ќе трае шест месеци, најавија бугарските експерти. Автобусот во Бугарија влегол во понеделникот десетина минути по 21 часот од граничниот премин Капитан Андреево, патувајќи од Истанбул кон Скопје. До местото на несреќата поминал 304 километри за 4 часа и 51 минута. Беше последниот кој патуваше заедно со три автобуса кои превезуваа патници на неколкудневна посета во Турција./Алсат.мк
изворhttps://alsat.mk/mk/utre-prvichni-soznanija-za-prichinite-za-tragedijata/