Утре почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година и основците и средношколците со физичко присуство се враќаат на настава.
Претходно, зимскиот распуст беше продолжен, поради, како што посочија од Министерството за образование и наука (МОН), заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.
МОН до Владата достави прелог за продолжување на зимскиот распуст во период од пет дена. Па така, Владата на 10 јануари го усвои предлогот учениците да се вратат во училишните клупи на 23 наместо на 18 јануари.