Од утре до 24 декември во Струмица ќе почне еко акција пред новогодишните празници, која се спроведува во соработка на локанлата власт и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“.
Градоначалникот, Коста Јаневски истакнува дека покрај редовната работа на кмуналните служби, четири пати во годината ќе реализираат и вакви еко акции.
-Целта ние машински и рачно да ја исчистиме секоја јавна површина во градот, секое маало, улица, тротоар, да ја отстраниме секоја дива депонија. Со оваа акција овозможуваме и граѓаните да си ги исчистат домовите и дворовите од непотребниот отпад“, рече градоначалникот Коста Јаневски во денешната најава за спроведување на ЕКО акцијата.
Во еко акцијата ќе бидат вклучени повеќе институции, градежни фирми и граѓани, а ќе комуналните служби ќе работат на три реони и на чистење на локалните депонии, најави директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев.
-Во секој од трите реони два дена во неделата ќе се врши генерално рачно и машинско чистење на улиците. На 6 и на 10 декември од 7 до 16 часот ќе бидат опфатени населбите Чифлик и Карпош, како и чистење на дивата депонија на патот Струмица–населено место Баница. На 13 и 17 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток, рече Горгиев.
Според него, на 20 и 24 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок.
Покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии како што се на улица „Климент Охридски“, на излезот од Струмица кон комплексот Македонска Куќа, на патниот правец Струмица – Градско Балдовци и дивата депонија на улица „Антон Панов“, рече Горгиев.