Утре во Струмица по четврти пат ќе се одржи Меморијалниот одбојкарски турнир во женска конкуренција „Илија Караманов“.
Струмица не го заборава поранешниот одбојкар, тренер и професор, кој многу даде за развојот на одбојката во градот. Во спортски дух, со квалитетна одбојка и со добра посетеност, организаторите сакаат да му дадат посебна почит на Караманов и оваа година.
Турнирот ќе се одржи во сабота со одигрување на три натпревари меѓу екипите учеснички: Наковски Волеј, Младост УДГ и Работнички.