Управниот суд ја поништ одлуката на Министерство за култура за избор на директор на Антон Панов. По тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова-Мансбарт, судот одлучи да им ја уважи тужбата. Според образложението на пресудата, тужбата е основана а тужениот, односно Министерството за култура донело неправилна и незаконита одлука.
Судот смета дека Министерството за култура треба да ја повтори постапката за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“, на чие место изминатите осум месеци е Васил Бубев.
Во продолжение еве ја пресудата на управниот суд.