• Sat. Nov 23rd, 2024

Управата и правосудството во четврток и петок нема да работат два часа

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари.

Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови.

Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *