• Sat. Nov 23rd, 2024

УНХЦР со нови податоци за менување на движењата на бегалците

И покрај намалениот број бегалци и мигранти кои пристигнаа во Европа минатата година, опасностите со кои многу од нив се соочуваат во текот на патот во некои случаи се зголемени, се вели во новиот извештај на УНХЦР. Забележани се и изменети рути на движење.Во Грција вкупниот број лица пристигнати по море се намалил споредено со 2016, но забележан е раст од 33% помеѓу мај и декември минатата година со 24.600 пристигнати лица споредено со 18.300 лица во истиот период во 2016. Повеќето се по потекло од Сирија, Ирак и Авганистан, вклучувајќи и голем број семејства со деца.

Поради зајакнатите рестрикции во Унгарија, многу бегалци и мигранти прибегнуваат кон алтернативни рути за да се движат преку Европа, вели извештајот. На пример, некои преминуваат од Србија кон Романија, додека други се движат од Грција преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кон Хрватска.

Извештајот на УНХЦР исто така ги потенцира и злоупотребите и изнудувањата што ги трпат бегалците и мигрантите од трговците со луѓе, криумчарите или вооружените групи кои се активни на разни рути кон Европа.
Резултатите , сепак, покажува мал добредојден напредок во бројот на бегалци кои се преселени во Европа минатата година, со раст од 54% споредено со 2016. Поголемиот дел од тие 26.400 бегалци се Сиријци (84%) и се преселени од Турција, Либан и Јордан. Од европските земји, Обединетото Кралство, Шведска и Германија го примиле најголемиот дел од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *