Претставничката на УНХЦР во земјава Моника Сандри и гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов денеска, во рамки на акцискиот план и постојниот Меморандум, потпишаа Договор за проширување на соработката која ќе продолжи редовно да се имплементира во разни фокусни точки и временски рокови.
Според Сандри, општина Гевгелија добро се справила со предизвиците од бегалската криза во 2015 година со своето гостопримство и отвореност на граѓаните, како и со беспрекорното функционирање на надлежните институции и расположливите капацитети.
-Бегалците се голем предизвик за општините поради што,покрај соработката со централната власт,која е насочена кон подобрување на законодавниот концепт,паралелно остваруваме соработка и со локалните самоуправи.Токму овој договор ја потврдува успешната соработка на УНХЦР со општина Гевгелија која високо котира во извештаите на УНХЦР како општина која знае во секој момент да им помогне на луѓето кои поради различни причини бегаат од своите родни огништа, нагласи Сандри.
Градоначалникот Сарамандов изрази благодарност за помошта што досега ја доби општината како донација и нагласи дека очекува воспоставената соработка со УНХЦР во иднина да биде уште поинтензивна со опфаќање на ранливите категории граѓани.