• Sat. Nov 23rd, 2024

УНДП:Македонија и понатаму е на последните места во регионот во врска со човечкиот развој

Македонија и понатаму е на последните места во регионот во врска со човечкиот развој. Според последниот извештај на УНДП, нашата земја е на третото место од дното во Европа а 82 во светот, од вкупно 189 земји опфатени во извештајот. Пред Македонија се Словенија на 24 место, Грчка на 32, Хрватска на 46, Црна Гора и Бугарија на 52 место, Србија на 63, Албанија на 69 додека Босна и Херцеговина на 75 место. Претставникот на УНДП за Европа и Евроазија, Бен Сјел, рече дека индексот за Македонија покажува на кои конкретни прашања треба да се ангажира земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *