Колоритни мурали ги оплеменија сивите ѕидови на Пречистителната станица во Струмица, дел од проектот „Уметност и вода- магија на животот“ што го спроведува Здружението за третман на води, а финансиран од Европската унија.
На денешниот промотивен настан, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, истакна дека заштитата на животната средина е еден од главните приоритети на локалната власт.
Амбасадорот на ЕУ, Семуел Жбогар истакна дека од Струмица европската делагација ја почнува кампањата „Чисто, како дома исто“ со што продолжуваат во поддршка на заштитата на животната средина.
Муралите и илустрациите се дело на уметниците Ване Костуранов, Драган-Драш Китановски, Марјан Димиќ, Филип Конески и Блаже Атанасков .
Ученици од основни училишта од Струмица изложија свои цртежи на ликовна колонија во Пречистителната станица насловена „Нацртај ја водата“, кои ги создадоа по повод Светскиот ден на водата 20 март.