Улица од само 100 тина метри во Куклиш , буквално одсечена од прооден пат.15 тината возила кои ги имаат жителите од овие куќи , неможат да ги користат оти дупките после секој дожд се огромни.Жителите од оваа улица велат дека сами ангажираат багери барем пеш да слегнуваат.
Надлежните им ветувале дека улица , сепак ќе има , но најпрво морала да се санира поројната вода а потоа да се стави асфалт.Сознанијата на жителите се дека пари за нивната улица ќе има 2020 та година.На што жителите се жалат.
Васе вели дека од името на сите жители од улицата упатува апел до сите надлежни да излезат на терен и ја увидат остојбата на терен па сами да одлучат дали ќе можат овие жители беспрекорно да функционираат до 2020 та година.