• Sat. Nov 23rd, 2024

Укинат кукќниот притвор на Рашковски

Поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, обвинет за случајот со набавки поврзани со софтвери и исплата на хонорари од Генералниот секретаријат на Владата, излегува од куќен притвор, дознава ДВ од судски извори.

Според нив, Апелацискиот суд прифатил гаранција како замена на мерката куќен притвор, а гаранцијата наводно се состоела од недвижен имот во Струмица, за кој Обвинителството не побарало замрзнување бидејќи се работело за имот стекнат пред извршување на делото за кое е обвинет Рашковски.

Во јули минатата година Основниот кривичен суд Скопје на барање на Основното јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќа замрзна одреден имот на Рашковски и имот на неговите две малолетни деца. Имотот што сега бил прифатен како гаранција, не бил дел од замрзнатиот. Обвинителството сега нема право на жалба за укинување на мерката домашен притвор, затоа што се работи за второстепена одлука.

https://www.dw.com/mk/%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%83%D1%9C%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80/a-60642189?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *