„Убави сме, свои сме“ по петти пат во Струмица
Токму во оваа порака е моќта на настанот „Убави сме, свои сме”, што веќе традиционално по петти пат и годинава во Струмица го организираше Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера”. Ревијата ја отвори Вера, малата принцеза која со себе носи верба, глас и надеж за подобро утре и чие име всушност го носи Здружението – организатор на настанот.
Потсетување за меѓусебното прифаќање, почитување и препознавање на различноста како нешто што нè прави единствени, а истовремено нè сплотува.
Концепиран како модна ревија, настанот годинава вклучи 30-тина дечиња и лица со попреченост, кои беа придружувани од личности од јавниот, културниот, политичкиот и општествениот сектор, што со своето несебично ангажирање гласно порачаа дека сите ние сме дел од едно исто општество и ист свет, а со тоа ни следуваат еднакви можности