Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево е упасен на еден од граничните премини во државата, објави Макфакс.
Јавното обвинителство најави прес-конференција во врска со случајот со апсењето на Боки 13. На пресот ќе се обрати Љубомир Јовески, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, и Вилма Русковска, основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.