Полицијата вчера рано утрото фатила двајца разбојници што ограбиле казино во Струмица. Министерството за внатрешни работи соопшти дека украдените пари им биле вратени на сопствениците.
– На 13.8.2023, во 5.35 часот, од полициски службеници од СВР Струмица лишени се од слобода Е.И. (22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело разбојништво. Околу пет часот, во казино на ул. „Балканска” во Струмица, Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата – соопшти МВР.
Од полицијата велат дека двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари му се вратени на сопственикот.
– Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопшти МВР.