Временските услови се идеални за појава на некоја болест кај тутунот. Расадот е веќе завршен, но променливото време не им оди во прилог на тутунарите. Сонце па дожд, време кое може да доведе до болест па и уништување на целиот расад. Игор Ивановски магистар по земјоделски науки, вели дека доколку растенијата не се заштитат со систематични фунгициди против пламеница, може да се појави лисната вошка, а во најлош случај и сушење на растението.
Променливото време бара заштита на тутунот еднаш неделно, а кога временските услови ќе се стабилизираат, заштитата може да се изврши еднаш на 15 дена – советува Ивановски.
Земјоделците во последно време имаат проблеми со расадот на тутун, а според некои статистички податоци се повеќе се намалуваат површините засадени со тутун.