• Thu. Nov 21st, 2024

Турски државјанин залутал меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија па го спасувале од ЦУК

ByЃ. K.

Feb 1, 2024

Вчера на бројот 112 стигнал повик за заглавен турски државјанин во пределот меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија. Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што граничната полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти центарот.

Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природата, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови, на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

By Ѓ. K.