• Wed. Nov 27th, 2024

Турска фирма ќе гради ветерници во Демир Капија и во Гевгелија

Турска компанија има намера да гради десет ветерници во Демир Капија и во Гевгелија, јави МИА. Според агенцијата, компанијата веќе испратила известување до Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина за ваквиот потег.

Преку својата компанија Калтун енержи ДОО Скопје, има намера за изведување проект ветерен парк со седум ветерници во Дрен, општина Демир Капија, а остатокот да ги изгради во Гевгелија.

Проектниот менаџер на турската инвестиција Калтун енержи, Хусеин Зејнулах за МИА изјави дека веќе имаат позитивен одговор од ова Министерство и дека сега треба да се заокружи целата законска постапка, да почне реализацијата на проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *