• Sat. Nov 23rd, 2024

Тројца новозаболени со КОВИД – 19 во Струмица – 8 во Југоистокот

Три нови случаи на КОВИД – 19 се регистрирани изминатите 24 часови во Струмица. Од Министерството за здравство информираат дека три нови случаи има и во Гевгелија и по еден во Валандово и Радовиш, со што бројот на новорегистрирани во Југоистокот е 8.

Во денешните статистики има и двајца оздравени пациенти од Струмица – 2 и по еден во Гевгелија и Радовиш.

Вкупниот број заболени во државата денеска е 121 од 1410 направени тестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *