Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9.4%, а индексот на цените на мало е 7.0%.
Пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13.6 %, Ресторани и хотели за 12.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 11.7 %, Разновидни стоки и услуги за 11.6%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 10.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8.0 %, Рекреација и култура за 6.7 %, Здравје за 4.6 %, Облека и обувки за 4.4 %, Образование за 2.9 %, Комуникации за 1.1 % и Транспорт за 0.5 %.
Движењето на индексот на цените на мало во 2023 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустрископрехранбени производи за 12.5 %, Пијалаци за 9.7 %, Земјоделски производи за 8.5 %, Услуги за 6.0 % и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5.3 %.
Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, забележа пораст од 3.6 %, а индексот на цените на мало забележа пораст од 3.7 %.
Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, забележа зголемување од 0.2 %.
Зголемувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на виното за 1.3 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, пивото за 0.6 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.3 %,месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.
Исто така, во декември 2023 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 38.7 %, туристичките аранжмани за 6.8 %, електричните апарати за лична хигиена за 2.7 %, снабдувањето со вода, патниот патнички транспорт за 1.6 %, облеката за 1.5 %, големите алатки и опремата, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.2 %, поправките и изнајмувањето на обувки за 1.1 %, фармацевтските производи, услугите за рекреација и спорт, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, поправката на апаратите за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.7 %, мебелот и покуќнината, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, другите услуги за опрема за сопствен превоз, медиумите за снимање за 0.5 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, терапевтските помагала и опремата, медицинските услуги, игрите, играчките и хобијата, услугите за култура, книгите, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.2 %.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 4.9 % и рибата и морските плодови за 0.6 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6.0 %, услугите за сместување за 5.5 %, парамедицинските услуги за 4.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.2 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите лични предмети за 0.3 %, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 0.2 %.