Одбојкарките на Виктори Волеј ја продолжија победоносната серија. Во салата Партизан во рамките на третото коло го совладаа и тетовски Бамикор. Крајниот резултат на натпреварот беше 3:1 во сетови во кој струмичанки ги презентираа сите можни убавини на одбојкарската игра.
Добар сервис, игра на мрежа и сигурен прием во три сета беа оружјето на Виктори Волеј со кој го натера Бами кор да се помири со пораз прв во првенството.
Фантастичен почеток на струмичанки најавувајки сигурна победа. Првиот сет го добија со 25:15. Се функционираше како што треба. Речиси сите одбојкарки беа на висината на задачите. Но за разлика од воведниот, потфрлија во вториот кога не функционираше приемот и го загубија со 25:20. Третиот сет беше најнеизвесен но домакинките не дозволија изненадување добивајки го со 25:20. Четвртиот беше реприза на првиот иако во финишот се опуштија откако беа повлечени поискусните, но сепак славеа до 25:19 за конечни 3:1 во сетови
Со ова победа Виктори Волеј се проби на врвот на прволигашката табела.