Ако се суди по епилоготна спортската гимназијада во Тетово, Струмица е доминантна во фудбалот и одбојката во машка и женска конкуренција а во врвот е и со ракометот и кошарката
Машката и женската фудбалска екипа на СОУ,, Никола Карев,, се закитија со златни медали на спротската гимназијада што се одржа во Тетово. Во финалните натпревари ги совладаа екипите на СОУ „Никола Стејн“ од Тетово со 4:2 и ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ од Скопје со 6:1.
Струмица се покажа доминантен и во одбојката. Средношколската екипа на Никола Карев го освои златото а во женска конкуренција најдобри беа одбојкарките на СОУ ,, Јане Сандански,,.
Ракометната екипа на СОУ Јане Сандански освои сребро додека кошаркарите од ова средно училиште бронза