Денеска се одбележуваат три години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов.
Поранешниот голман на струмичка Беласица, Победа од Прилеп, Партизан од Белград и Утрехт од Холандија почина на 27 септември 2018 година, на 71 година.
Беше тренер на повеќе клубови во земјава и странство по завршувањето на кариерата, а најголемите успеси ги постигна со Беласица, меѓу кои и пласман во некогашната Единствена втора лига на Југославија.
Во чест на фудбалската легенда Благој Истатов кој на днешне ден почина пред три години, ултрамаратонецот Николчо Ѓорѓиев ќе трча и вози велосипед од Струмица до Штип преку Неготино до Гевгелија и Дојран во должина од околу 190 километри. Станува збор за ,,дуатлон,, спротска дисциплина , која Ѓорѓиев ја практикува и е единствениот македонец кој има земено учство на светско првенство пред две години во Швајцарија