Три бугарски телевизии, со различна програмска содржина, вести, туризам и подобрување на животот, од денеска, се присутни во македонскиот медиумски простор. Дозволата за емитување во земјава ја добиле пред две недели, а во моментов може да се гледаат на територијата на Општина Струмица преку кабелскиот оператор Нет кабел. Во преговори се и со останатите локални кабелски оператори за емитување преку нивната мрежа на територијата на целата држава.Се работи за ТВ Европа, првата бугарска телевизија за вести, Велнес ТВ, првата бугарска и европска велнес-телевизија посветена на спорт, здрава исхрана и развојот на децата и ТВ Туризам, телевизија која нуди информации за туристичките понуди и дестинации.