По шестчасовна операција, во два часот по полноќ почна да чука трансплантираното срце во градите на 54 годишен пациент кој долги години бил на листата на чекање. Срцето е донирано од почината пациентка, а од истиот донор во моментов се врши трансплантација и на два бубрега на пациенти кои долги години биле на дијализа.
на операцијата за трансплантација на бубрезите на Клиниката за Урологија работат лекарски тимови под водство на др. Сашо Дохчев, др. Александар Трифуновски, др. Сотир Ставридис и др. Јанчулев, со тим лекари од клиниката