200 ликовни и околу 80 литературни творби се натпреваруваа на конкурсот кој традиционално го распишува Домот за деца и млади „Благој Мучето„, Струмица, по повод Меѓународниот ден на жената „8-ми Март“. Годинава учениците од основните општински училишта работеа на тема „ Жената пример за трудољубовост, храброст, нежност и љубов„. Наградени беа 32 ученика, од кои 19 за ликовни творби, а останатите 13 за литературни творби.
Домот за деца и млади “Благој Мучето“од Струмица, секоја година ги наградува најдобрите ликовни и литературни творби. Целта е како што вели, Вучетиќ, дечињата да се поттикнат и понатаму да творат.
Изложбата по повод Денот на жената, како и ликовниот и литературниот конкурс, се организира во соработка со основните училишта од Струмица, Ново Село, Босилово и Василево.