ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија ќе ја организираат традиционалната културно-уметничка манифестација по повод Нова година – Дочек на Дедо Мраз. Дечињата од Гевгелија ќе го дочекаат Дедо Мраз на Градскиот плоштад во Гевгелија, на 28 декември 2023 година, во 12:00 часот.
Притоа, ќе се забавуваат и со солистите и членовите на хорот на Детскиот музички фестивал „Калинка“, а ќе имаат можност и да го проследат новогодишниот концерт на Танцовото студио „Мистик“. Потоа, програмата продолжува со детската претстава „Шарена приказна“ во изведба на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова. Претставата ќе започне во 14:00 часот, во Народниот театар – Гевгелија.