• Fri. Nov 22nd, 2024

Трагедија во дојранско, маж починал на лице место

Четириесет и седумгодишен маж од гевгелиското село Фурка починал откако во него удрила работна машина додека работел на објект.

„ На 04.03.2021 во 13.45 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајки работна машина, удрил во С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект.

С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *