Топлотниот бран продолжува, од петок опасност од локално невреме
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 31 до 39 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени.
Потоа утре ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во петок како и за време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се намалат за неколку степени и малксималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.