Мики Тодоров кој на првата автослалом трка во Струмица извозе најдбро време од сите учесници , најави атак на шампионската титула во ова дисциплина. Тој за ВИС СПОРТ истакна дека ќе земе учество и на следните автослалом трки и ќе се обиди со својот опел да го оправда првото место од Струмица каде настапи во категоријата спортски возила над 1600 кубика
,, Горд сум што мегу своите струмичани успеав да извозам најдобро време. По првото возење кога имав време од една минута и 33 секунди и 82 стотинки верував дека можам и побрзо. Свесен бев за свијоците и локациите каде можев да ,,пролизнам,, но и местата каде може да забрзам и бев целосно сконцентриран на второто возење. Ова прво место ме мотивира да атакувам на автослалом титулата на Македонија за ова сезона,, изјави за ВИС СПОРТ Мики Тодоров
Во категоријата над 1600 кубика спортски автомобили Тодоров го освои првото место со време 1. 31.65. Второто место го освои Минислав Петкович 1.32.23 додека третото отиде кај Југослав Милошевски со време 1.32.84
Под 1600 кубика, спортски автомобили Маја Милошевска беше најбрза со 1.38.12
Кај сериските автомобили до 1600 кубика Христијан Давитковски со 1.36.85 беше прв, втор Игор Јовановски 1.39.63 додека трет а беше Маја Милошевска со време 1.40.67
Сериски автомобили над 1600 кубика прв Александар Ангелковски со 1.35.07, втор Симон Христов 1.36.98 додека трет Кире Ставров 1.38.14
Првата автослалом трка беше организирана од клубот Примо авј од Скопје и најавија дека Струмица ќе биде една од дестинациите за одржување на вакви трки