Во периодот од 7 – 14 октомври 2023 година, тим за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини од Дирекцијата за заштита и спасување, учествува на меѓународна вежба за справување со последици од земјотрес, што се одржува во Ереван, Р. Ерменија.
Вежбата се организира во рамките на проектот за комплексно управување со земјотрес во Јужен Кавказ, преку ефективно планирање, одговор и здружени операции, финансиран од Европската Комисија.
Покрај Македонија, на вежбата учествуваат тимови од Црна Гора, Грција, Франција, Кипар, Грузија и домаќинот Ерменија.
ТППЕ Струмица учествува со тим од 8 пожарникари-спасители специјално обучени во оваа област. Тимот претходно учествуваше на неколку меѓународни вежби и реални ситуации со што се стекна со непроценливо искуство.
Голема благодарност до Градоначалникот на општина Струмица и Фондација Заев-едно општество за сите и неколку приватни општествено одговорни фирми од Струмица кои го помогнаа патувањето на тимот.