Патронажните служби од струмичкиот здравствен дом од денеска на терен помеѓу старите и хронично болни лица не само во градот туку и во наслените места .Се мери крвниот притисок, шеќер во крвта и совети кои се добредојдени за лицата кои неможат да ги напуштат домовите и вршат редовна здравствена контрола.Од службата велат дека и пред , последната одлука на министерството за здравство ,патронажните сестри се на терен меѓу пациентите од различна категорија на граѓани.
Денес нашата екипа беше во посета заедно со патронажните сестри во домот на баба Тинка , на која не само што ја советуваа да остане во својот дом поради загадениот амбиентален воздух и мереа шеќер во крвта и но и крвниот притисок.Таа е задоволна од посетата и вели дека ваквите посети се секогаш добредојдени кај возрасните.
Екипата продолжи на терен кај други пациенти а од службата велат дека и понатаму ќе ги следат препораките од министерството за здравство се со цел почитување на дел од мерките за редовни посети на хронично болните кои се лекуваат во домашни услови.