• Fri. Nov 22nd, 2024

Тиверијанки го освоија Голден Купот во Солун, Панеска и Велкова прогласени за МВП на турнирот

Кадетскиот состав на ЖФК Тиверија го освоија Голден Купот во Солун откако го ,, торпедираа,, составот на ПАОК од Солун со 12:1. Струмичанки во сите сегменти беа подобри од врсничките на грчкиот шампион. Стрелци на 12 те гола беа Василева која четири пати биеше прецизно а по два постигнаа Ѓоргиева  и Галабовска а голови постигнаа и  Панеска, Михајлова, Јованова, Велинова

Со оглед на двете победи над Докса и ПАОК но и временските услови, организаторите одлучија последните мечеви да не се одиграт кои ќе немаа и некакво резултатско значење.

Капитенот Билјана Панеска и Радица Векова  се прогласени за најдобри фудбалерки или МВП на турнирот Голден КУП 2019 та.

,,Иако имавме најмлада екипа на овој турнир покажавме дека Струмица и Македонија имаат потенцијал во женски фудбал,, информираа од ЖФК Тиверија

( Фудбалерките на Тиверија и ПАОК )

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *