На 27.01.2023 во 15.50 часот во Струмица на бул.„Маршал Тито“, патничко такси возило „цитроен Ц“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Г.(46) од с.Дабиле, го повлекло патникот П.А.(78) од с.Босилово, додека излегувал од такси возилото, по што П.А. паднал на коловозот, соопшти денеска полицијата.
Во несреќата П.А. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Медицински центар Струмица.
Увид извршила екипа од СВР Струмица