На 04.12.2023 година во 14.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1108, делница помеѓу Гевгелија и село Моин, П.Ј.(62) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „ровер” со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Гевгелија.