На 11.03.2023 во 20.00 часот на регионалниот пат с.Куклиш-с.Банско-с.Мокрино, на делницата помеѓу с.Свидовица и с.Куклиш, патничко моторно возило „ланчија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ц.Ц.(61) од Струмица, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.Ц. кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.