Попладнево во 13,20 часот, на автопатот А1 во правец од с.Смоквица кон Гевгелија, кај с.Мрзенци, случена е сообраќајна незгода помеѓу два мотори. Во несреќата животот го изгубија Ј.Ј (22) од с.Добрејци, Струмичко и А.Ѓ(35) од с.Робово, Струмичко. Увид на лице место извршија увидна екипа од ОВР- Гевгелија и јавен обвинител. По Наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Инстиутот за судска медицина Скопје.