• Thu. Nov 21st, 2024

Течат подготовките за првиот земјоделски саем на отворено. Агрономи од Македонија се обучуваат во Турција за организање на саемот

saem na otvorenoВо тек се подготовките за организарањето на првиот земјоделски саем на Балканот кој треба да се реализира во Македонија. Првиот човек на ФФРМ Никола Стаменов вели дека се интезивираат подготовките со турските и германските партнери за реализацијата на проект. За таа цел веќе започна едукацијата на агрономи од Македонија кои ќе бидат обучени во организацијата на такви саемски манифестации.На отворениот саем ќе фармерите ќе имаат можност да го проследат целиот процес на производство, почнувајќи од садењето на семката, па сè до бербата на плодовите. Според Стаменов ќе бидат застапени семенарството, агрозаштитата, како и тракторите и приклучната механизација за земјоделството.Саемот ќе биде место за размена на знаења, искуства и продлабочување на соработката  меѓу фармерите и голем број земјоделски компании и бизнисмени.Според најавите првиот саем на отворено треба да се оддржи кон средината на 2016 година. Идејата за неговото оддржување е поддржана од ресорното министерство за земјоделство и поголем број на државни институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *