• Sat. Nov 23rd, 2024

Театарскиот проект на Вондерленд театар „Види летам“ ќе гостува во Гевгелија

ByЃ. K.

Nov 28, 2023

Во Народниот театар – Гевгелија, ќе гостува Вондерленд театар со театарскиот проект „Види летам“ на 29 ноември 2023 година. Претставата ќе започне во 19:00 часот, а влезот е бесплатен. Проектот е истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство.

Текстот за претставата е на Ана Трепноска и е инспириран автентичните искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР. Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор: Нела Витошевиќ, претставата ветува привлечна и емотивно звучна изведба. Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Драгана Костадиновска.

„Види, летам“ е поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондрленд Театар се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница.

Вондерленд театар, во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ги поканува сите членови на медиумите, како и јавноста, да им се придружат во ова моќно истражување на човечката издржливост и потрагата по припаѓање. Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје. Главните цели на продукцијата се инспирација за промени, континуирано поместување на стандардите на следното ниво и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

By Ѓ. K.