Театарската претстава за деца „Другарување со Пет и Еко“ ќе другарува со најмалите граѓани на општина Гевгелија на 5 октомври, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија. Детската претстава „Другарување со Пет и Еко“ ќе биде одиграна на 5 октомври 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:30 часот. Влезот чини 100 денари.
Петте јунаци преку дејството во претставата ќе им раскажат на децата за грешките што ги прават луѓето со нивното секојдневно однесување во загадувањето на животната средина, а притоа ќе ги советуваат и за каков треба да биде односот на човекот кон природата.
Улогите ги толкуваат Ристина Николова, Марко Новески и Никола Милошевски. Режијата по сценариото на Симона Ристевска е на Трајко Јордановски, а музички подуцент е Игор Станковиќ.