На централниот извршен одбор на Турската Демократска Партија (ТДП), одржан во Скопје, се донесе одлука дека партијата во вториот круг на локалните избори ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
ТДП, која што во првиот круг од локалните избори во општина Конче настапи со свој кандидат за градоначалник и освои 172 гласови, во вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 31.10.2021, ќе ја даде поддршката на кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ, Благој Илиев.
Извор: Соопштение од ТДП