Денес од 15 часот регионалната ТВ КАНАЛ ВИС се врати на малите екрани. За еден месец откако настана пожар во згрдата каде што беше сместена телевизијата, гледачите немаа можност да ја следат програмата.
Веќе од денес целата програмска шема и продукција ќе продолжи да се емитува.
Тимот кој работи во телевизијата не престана да продуцира вести кои одеа на јутјуб каналот како и на социјалните мрежи.
Во меѓувреме Канал Вис адаптира нов простор од каде ќе се продуцираат сите емисии кои новинарските екипи ги продуцираа.