За младата уметничка Марија Николиќ од Србија, учеството на ликовната колонија од Струмица е пред се голема чест и задоволство. Екипата на ТВ Канал ВИС која беше меѓу петнасетте уметници кои се дел од 55 ликовно дружење во Струмица, ја забележа професионалната приказна на Николиќ. Нејзина преукупација е мигот, моментот.
-Мене ме интересира поимот на секојдневието, моментот. Го истражувам она што се случува во непосредна близина и околина. Но, бидејќи во ова атеље нема некоја природна светлина, ги истражувам и работам моите цртежи. Ги пренесувам на слика. Кога цртам најчесто користам пастел или туш или комбинирана техника. А сликите ги работам во масло на платно. Бидејќи тука, за десет дена треба да подготвиме по три платна, работам и акрил и масло на платно, да добијам на време, вели Николиќ.
Вели дека не е лесно да се биде слободен уметник, а притоа да се занимава само со ликовна уметност. За жал, се почесто, се комерцијализира уметничката работа за потребите на клиентите.
- Свесна сум на времето во кое живеам, но на уметниците некако секогаш им е тешко. Јас имам статус на слободен уметник, истовремено добивам и некои други ангажмани, но секогаш се трудам тоа да биде поврзано со ликовната уметност. За среќа, јас избирам сама и не мора да правам компромиси. Од друга страна, за жал, се почесто, уметниците го прават она што другите го очекуваат од нив. Секако мора да постои комуникација меѓу делото и публиката, но не и комерцијализација.
За публиката во Белград вели дека има еден круг кој ужива и ја цени уметноста, но дека сеуште треба д асе работи на популаризација на вредноста на едно дело, неговата оригиналност, а со тоа и ценење на вистинскиот уметнички труд.