На предлог на Комисијата за именување, Владата на синоќешната 19-тата седница, во согласност со добиеното позитивно мислење од државниот правобранител на Република Северна Македонија, именува 19 државни правобранители.
Како што соопшти владината прес-служба, за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје именувани се Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, за подрачјето на Куманово – Драган Јовановски и Бесим Весели, за подрачјето на Охрид – Агрон Речи, а за подрачјето на Струмица – Татјана Донкова.
За државен правобранител за подрачјето на Гевгелија именувана е Мирослава Панарова, за подрачјето на Велес – Валерија Николова, за подрачјето на Штип – Билјана Симонова-Тасева, за подрачјето на Кавадарци – Сузана Костова-Коцева, за подрачјето на Битола – Ѓоко Талевски, за подрачјето на Прилеп именуван е Киро Северкоски, а за подрачјето на Кочани – Олгица Јанева.
Владата на седницата за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Тетово го именува Фетуш Алили, за подрачјето на Гостивар – Илбер Јусуфи, а за подрачјето на Струга – Катерина Талевска-Скепароска.
извор: Макфакс