• Sun. Nov 24th, 2024

Тамара во креација на Ношпал во Тел Авив

Тамара Тодевска со целиот свој тим отпатува во Тел Авив, каде веќе започнаа подготовките за нејзиниот евровизиски настап.

Денес, се одржа нејзината прва проба на евровизиската сцена. 33-годишната пејачка носеше смарагдно зелен фустан од дизајнерот Александар Ношпал додека ја изведуваше песната „Proud“.

Тамара како свои придружни вокали ги има Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев. Тие ќе настапат на втората полуфинална вечер која е закажана за 16 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *