Во Националниот центар за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва со почеток во 20.30 часот ќе биде изведена монодрамата „Таа“ од Даниела Колева, во режија на Васил Михаил.
Монодрамата „Таа“ е работена по текст на бугарската авторка Даниела Колева.
За авторката на текстот „Таа“ е исповед напишана од нејзино и од името на повеќето жени кои битисуваат на овие географски ширини.
Се работи за проект со универзални пораки, во кој во центарот на интересирањето е жената како столб на семејството, како повеќевековен еманципациски проблем и како повеќеслојна компонента на животот и општеството воопшто, сето тоа пренесено на сцена преку играта на актерката Оливера Аризанова.